perform - онтологија

доизведе повеќе

Види и: изведе (св.)
доизведат
Вид збор: Глагол, свршен
Изведе сè, сите; заврши со изведувањето.
Албански: kryen
Примери:
Пожарникарите ги доизведоа сите жртви од зградата.

изведе повеќе

изведат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши, направи некоја работа.
Албански: kryej
Примери:
Градежните работи ги изведе претпријатието „Бетон“.
Исполни уметничко дело (ролја, приредба, песна).
Албански: performoj
Употреба: Сцена
Примери:
Театарот за деца и младинци неодамна ја изведе својата најнова премиера.

интерпретира повеќе

интерпретираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изведе, изведува уметничко дело.
Албански: interpreton, performon
Употреба: Уметност

исполни повеќе

исполнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изведе на сцена.
Албански: performoj
Примери:
Песната ќе ја исполни еден од нашите најпознати пејачи.

концертира повеќе

концертираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава концерт; настапи, настапува како изведувач на концерт.
Употреба: Музика и танц
Примери:
Со џез оркестарот концертираше во многу земји.

настапи повеќе

настапат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави, стапи пред публика, во натпревар и сл.
Албански: çfaq, performoj
Употреба: Сцена
Примери:
Најпрво настапи детскиот хор.

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се работи) Се врши нешто.
Албански: kryej
Употреба: Безлично
Примери:
Сега се работи на изградбата на покривот.